Се надеваа во Интер дека Милан уште еднаш ќе киксне, третпат во последните четири кола, ама „росонерите“ со голот во екстра-времето успеаја да го совладаат Лацио и да се задржат на врвот на табелата. Низ неделите наназад шампионот на Италија му гледа во грбот на градскиот ривал и чека да се лизне за да го заобиколи и да дојде на чело на табелата. Сепак, услугата Интер не ја дочека, па сам ќе мора да се потруди да се искачи на врвот.