Фудбалерите на Штутгарт успеаја да освојат бод против фаворизираниот РБ Лајпциг (1-1), во првото коло на Бундеслигата. Пресметката на „Мерцедес Бенц Арената“ понуди два погодоци во првиот дел, а потоа мрежите мируваа. Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше резерва, но доби половина час во кам-бекот во германската елита.