Ново крунисаниот планетарен шампион се врати од пустинските уши на терените во Бундеслигата, каде беше пречекан со снег, мраз и до заби вооружана Арминија, гладна за добар резултат и желна да го земе скалпот на Баерн. За малку и ќе стигнеше до целиот плен, откако машинеријата на Ханси Флик зариба на „Алијанц Арената“. А, тоа го искористија и првите придружници - Лајпциг и Ајнтрахт од Франкфурт.