Натпреварот на „БајАрена“ ќе биде во сенка на оној помеѓу РБ Лајпциг и Баерн, но тоа не значи дека Леверкузен и Дортмунд ќе ни понудат помалку од главните аспиранти за титулата. Напротив, нивните дуели секогаш беа возбудливи и квалитетни, а во последните години беа многу ефикасни, па сигурни сме дека среќниците кои ќе бидат на трибините (17.500) ќе имаат што да видат.