Фудбалерите на Баерн Минхен се радуваа во големото германско дерби кај Борусија Дортмунд со 2-3 (1-2), во рамките на 14. коло на Бундеслигата. Дерби во вистинска смисла на зборот, со пет гола, многу шанси, жар и отворено надигрување видоа љубителите на фудбалот во Дортмунд. „Милионерите“ рано поведоа, Баерн направи пресврт, а иако Халанд го врати својот тим во игра, Левандовски на крајот го одлучи дуелот.