Благодарение на киксот на Баерн во првото пролетно коло, Борусија Дортмунд повторно има активен статус во борбата за титулата во Германија. Малку кој верува во „милионерите“ и фактот дека ќе достигнат шест бода разлика, но момците на Марко Розе одлично влегоа во вториот дел на бундеслигашката сезона. Тоа никој не може да им го оспори, особено откако го торпедираа Фрајбург минатата седмица (5-1). Оттука нема дилема дека им оди улогата фаворит на гостувањето во Зинсхајм и покрај шокот кој им го приреди лидерот на Цвајте, Ст. Паули во Купот. И Хофенхајм разочара, губејќи дома од Фрајбург во истото натпреварување.