Откако заврши легендата на проклетството на Реал Мадрид со осминафиналните натпревари во ЛШ, „кралевите“ добиваат лесни противници во четвртфиналната ждрепка. Оваа добра серија на шпанската екипа трае од 2010 година, а денешниот избор, кој одлучи Волфсбург да оди на мегдан на кралскиот клуб, само се надополнува на среќата, која ги прати фудбалерите на Реал.