Баерн од Минхен веќе в сабота би можел да ја прослави десеттата последователна титула во Германија и 33-та во историјата на клубот. Коцките се наместија за во 31 коло во Минхен да дојде најголемиот ривал – Борусија Дортмунд, која ниту со реми не се вади. Баварците имаат девет бода вишок и доколку „Дер Класикер“ заврши нерешено „салатарата“ може да се прослави уште истата вечер, бидејќи до крајот останаа уште три кола, а лидерот има неспоредливо подобра гол-разлика.