РБ Лајпциг го чека Дортмунд без тренер, во доста тешка позиција по неколку воведни мечеви оваа сезона. Доменико Тедеско за многу кратко време го мина патот од херој (обезбеди место во ТОП-4, освои ДФБ Куп – прв трофеј во клупската историја) до главен виновник за она што се случува во клубот од Саксонија, а дебаклот на отворањето на ЛШ против Шахтјор беше капката која ја прели чашата – младиот тренер доби отказ.