Ерлинг Халанд, еден од водечките стрелци во претходниот дел од Лигата на шампионите (заедно со Роберт Левандовски и Мохамед Салах), го мина натпреварот од претходното коло на клупата и тоа е една од причините поради која неговиот Манчестер Сити на гостувањето во Копенхаген одигра без голови. Со оглед на тоа што „граѓаните“ веќе обезбедија следна рунда, не би било изненадување доколку нивниот тренер Пеп Гвардиола реши да го одмори младиот Новрежанец на теренот на кој му е толку познат, со оглед на сезоните што ги мина во жолто-црниот дрес на Борусија Дортмунд.