Фудбалска Европа со нетрпение го очекува најинтересниот дел од сезоната во Лигата на шампионите. По комплетирањето на осминафиналниот мозаик, останаа осум екипи и осум сништа дека во јуни во Истанбул ќе го кренат „долгоушкото“. Три италијански, две англиски, по една шпанска, германска и португалска екипа ќе се борат за места во полуфиналињата.