Најголемото изненадување во првата пресметка меѓу Манчестер Сити и Баерн би било доколку таа воопшто најави која од овие две екипи ќе оди во полуфиналето. „Граѓаните“ се во одлична форма и не само што победуваат, туку се и крајно убедливи. Во претходното коло од Лигата на шампионите ривал им беше и бундеслигашот РБ Лајпциг кој беше испратен од „Етихад“ со резултат 7-0. Секако, не очекуваме Баерн да помине како „биковите“, но факт е дека Баварците се многу разнишани. Тренерот Јулијан Нагелсман веќе ја плати сметката за некои не толку одлични игри, но и со неговиот наследник на клупата, Томас Тухел, тикетите пак паѓаа (пораз од Фрајбург во Купот и тоа на домашен терен). Сепак, Баерн е Баерн и е опасен и кога не блеска.