Ерлинг Халанд на секој натпревар одушевува, сè повеќе и повеќе. Во ремито со Баерн Минхен, норвешката гол-машина успеа да запише нов рекорд во Лигата на шампионите.
Синоќа се очекуваше Баерн да го намачи Манчестер Сити и да се обиде да се врати од резултатската негатива што ја имаше по првиот натпревар. Момците на Тухел се обидоа, но не беа ни блиску, откако Халанд стрелаше на стартот од вториот дел и беше јасно кој ќе оди во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола со задоволство го анализираше реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Баерн и пласманот на неговиот тим во полуфиналето
Баерн вечерва се збогува со Лигата на шампионите за оваа сезона, бидејќи во четвртфиналето во двомечот беше поразен од Манчестер Сити со вкупни 4-1. Навивачите на германскиот клуб покажаа големо незадоволство од моменталната ситуација во Баерн, па со огромна парола зад голот вечерва испратија јасна порака до клупските челници.
Фудбалерите на Баерн Минхен не успеаја да ја анулираат високата негатива и одиграа нерешени 1-1 (0-0) во реванш четвртфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Гостинот допатува со 3-0 на „Алијанц Арена“, па одигра рутински и според планот и на возвратниот натпреварот, со што ќе игра закажа реприза на ланското полуфинале против Реал Мадрид.
Екипата на Манчестер Сити пропушти голема шанса да стави точка на двомечот со Баерн Минхен и да почне да го слави пласманот во полуфиналето во Лигата на шампионите.
Двомечот на Баерн Минхен и Манчестер Сити се очекуваше да биде најголемото дерби во четвртфиналето на Лигата на шампионите, меѓутоа „граѓаните“ убедливо славеа во првиот меч (3-0) и растеретени заминаа во Германија.
Баерн Минхен може да загуби со 3-0, но никогаш нема да се предаде, особено не во Лигата на шампионите. Баварците веруваат дека предноста на Манчестер Сити, стекната на првата четвртфинална средба на „Итихад“, може да се надомести во Минхен.
Свежи се сеќавањата од кам-бекот кои во Лигата на шампионите во нокаут-рундата го направија Тотенхем, Ајакс, Ливерпул, Рома... а такво нешто посакува Баерн Минхен кој ќе биде домаќин на Манчестер Сити кој има убедлива предност по првиот меч.
Манчестер Сити минатата седмица на домашен терен го победи Баерн со 3-0, а реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите е закажан за вечерва од 21:00 часот во Минхен. Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола истакна дека неговиот тим ќе игра на победа и во реваншот.
Фудбалската Лига на шампиони е во една од најинтересните фази, битката за места во полуфиналињата. Во вторник и среда ќе бидат познати патниците меѓу четирите најдобри, а Европслата фудбалска унија (УЕФА) веќе ги делегира арбитрите за натпреварите.
Епизодата на Садио Мане во Баерн Минхен може да заврши многу бргу, веќе ова лето. Сенегалецот е суспендиран, не беше дел од тимот кој одигра реми со Хофенхајм, а причината е судирот со Лирој Сане по поразот од Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Баерн Минхен го суспендираше Садио Мане поради глупоста што ја направи по натпреварот со Манчестер Сити. Поранешната ѕвезда на Ливерпул го удрил Лерој Сане во соблекувалната и си доби заслужена казна.
Фудбалерите на Баерн Минхен не успеаја да го совладаат Хофенхајм во рамките на 28. коло од Бундеслигата. Баварците беа огромен фаворит во пресрет на натпреварот, но не ја оправдаа улогата и направија уште еден „кикс“ во домашното првенство (1-1).
На натпреварот меѓу Баерн Минхен и Хофенхајм во фокусот на вниманието беше Лерој Сане кој влегол во физичка пресметка со Садио Мане по поразот од Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Баерн Минхен привремено го суспендираше сенегалскиот репрезентативец Садио Мане, кој по поразот од Манчестер Сити (3-0) во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите го удри соиграчот Лерој Сане во соблекувалната, пренесува „Билд“.
Манчестер Сити го „здроби“ Баерн Минхен во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите со 3-0, а Баварците ќе имаат тешка задача да ја надополнат големата негатива на реваншот следната недела.
Баерн Минхен доживеа вистински дебакл во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Баварците беа поразени со 3-0, а по натпреварот, според елитниот медиум „Билд“, во соблекувалната на германскиот шампион настанала тепачка помеѓу Садио Мане и Лерој Сане.
Манчестер Сити се избори за огромно водство во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако пред својата публика со 3-0 го совлада тимот на Баерн Минхен. Германскиот шампион го „отвори“ Родри со прекрасен гол во првото полувреме, а во второто погодија Бернардо Силва и Ерлинг Халанд.