Баерн Минхен

  • Џером Боатенг во дресот на Баерн Фудбал

    По Левандовски, и Боатенг во Гинис за најдолга серија без пораз

    Нов фудбалер на Баерн Минхен ќе оствари официјален рекорд за Гинис. Централниот дефанзивец Џером Боатенг доби свој сертификат од Гинис, бидејќи стана фудбалер со најдолга серија без пораз во Бундеслигата.

  • Бундеслига

    Анчелоти се договорил со Баерн Минхен

    Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анџелоти е спремен да ја преземе клупата на баварците од Пеп Гвардиола, пренесоа шпанските медиуми. Во текот на вчерашниот ден одекна веста дека Гвардиола ќе го напушти германскиот клуб, по завршувањето на сезоната, поради тоа што не сака да потпише нов договор.

  • Ждрепка за Купот на Германија Куп на Германија

    Борусија Дортмунд и Баерн се избегнаа во Купот

    Баерн Минхен и Борусија Дортмуд се избегнаа во четвртфиналето на Купот на Германија. Ждрепката која беше извршена синоќа по завршувањето на осминафинални дуели, сакаше шампионот да ја добие екипата на Бохум, против кој ќе биде апсолутен фаворит.

  • Бундеслига

    Гвардиола: Наредната недела ќе дознаете за мојата иднина

    По вчерашната победа на Баерн Минхен над Дармштад од 1-0 во рамките од Купот на Германија, тренерот на германскиот шампион, Пеп Гвардиола откри дека до крајот на наредната недела ќе донесе одлука каде ќе ја продолжи својата кариера.

  • Чаби Алонсо по голот против Дармштад
    Куп на Германија

    Алонсо го однесе Баерн во четвртфиналето

    Фудбалерите на Баерн Минхен, потешко од очекуваното, обезбедија пласман во четвртфиналето од Купот на Германија, откако вечерва на мечот против Дармштад извојуваа победа од 1-0 (1-0). Во текот на целиот меч, Баерн доминираше на теренот, а тимот на Дармштад не успеа ни малку да се спротистави. Победничкиот гол го постигна шпанскиот репрезентативец Чаби Алонсо со феноменален удар од 30 метри во 40. минута од натпреварот. 

  • Чаби Алонсо и Рафиња се радуваат по гол на Баерн
    Куп на Германија

    Ново ремек дело на Чаби Алонсо!

    Во 40. минута од натпреварот помеѓу Баерн Минхен и Дармштад, видовме нешто што е реткост на фудбалските терени. Тоа е ремек делото на шпанскиот репрезентативец, Чаби Алонсо, кој успеа од преку 30 метри со силен и прецизен удар да го матира гостинскиот голман.

  • Филип Лам
    Бундеслига

    Се гледа дека Гвардиола „мамел“ на тестови

    Топката е во аут. Филип Лам се упатува кон местото за изведување и тогаш се појавува Гвардиола со ливче хартија. Подоцна капитенот на Баерн ги прочита советите и ги пренесе до соиграчите. Што ли порача Пеп? И од каде му е стилот за такво советување... 

  • Рибери очајува по нова повреда Бундеслига

    Рибери пак се повреди, се враќа следната година

    Нови проблеми за францускиот интернационалец, Франк Рибери, а со тоа и за Баерн Минхен и тренерот Пеп Гвардиола. Се потврдија информациите за нова повреда на францускиот интернационалец, кој веќе се врати на терените и на дебито оваа сезона постигна гол во Менхенгладбах. 

  • Пеп Гвардиола Бундеслига

    Во Минхен претпазливи: Баерн ќе го чува екс шефот на обезбедувањето на германската репрезентација

    Терористичкиот напад во Париз ја потресе цела спортска Европа. Токму настаните од престолнината на Франција ги натераа баварците да го ангажираат шефот на обезбедувањето на германската репрезентација, Хозе Менсес.

  • Бундеслига

    Румениге со порака до Гвардиола: Никој не е незаменлив

    Извршниот директор на минхенски Баерн, Карл Хајнц Румениге, изјави дека во клубот никој не е незаменлив, па дури ниту тренерот Пеп Гвардиола.

  • Оливер Кан ЗДФ Бундеслига

    Оливер Кан: Мануел е голман-либеро

    Легендарниот германски голман, Оливер Кан вели дека Мануел Нојер улогата на чувар на мрежата ја зголеми на едно ново, повисоко ниво. Нојер во 2011г. пристигна од Шалке и иако многу се противеа на тој трансфер, покажа дека  може да биде најдобриот голман на светот.

  • Мануел Ноер Бундеслига

    Баерн ќе беше лидер во Буднеслигата, дури и без голман

    Мануел Нојер не му е потребен на екипата на Баерн Минхен за натпреварите во Бундеслигата. Баерн Минхен, покрај Барселона, во моментов е можеби  најдоминантен клуб во Европа, а огромен доказ за успехот на тимот на Пеп Гвардиола е необичниот податок  кој го објавија британските медиуми.

  • Бундеслига

    Зинедин Зидан го фали Гвардиола: Тој вади 120% од Фудбалерите

    Поранешниот светски број еден фудбалер, Зинедин Зидан денес изјави дека Пеп Гвардиола го направил Баерн Минхен еден од најдобрите клубови по неговото превземање во 2013 година. Гвардиола во Баерн пристигна од клупата на Барселона, а од тогаш има веќе две титули шампион на Германија, Куп на Германија, Супер куп на Европа и Светски клупски шампионат.

  • Алкантара Бундеслига

    Баерн потврди: Тиаго Алкантара четири недели во аут

    Актуелниот германски шампион, Баерн Минхен денес потврди дека Тиаго Алкантара заради повреда ќе отсуствува од терените четири недели. Тиаго се повреди на пријателскиот натпревар кој репрезентацијата на Шпанија го играше во петокот, против селекцијата на Англија.

  • Бундеслига

    Томас Милер ја продолжува „љубовта” со Баерн Минхен

    Германскиот репрезентативец, Томас Милер наскоро би требало да стане најскапо платениот фудбалер на баварскиот тим. Во денешното издание германскиот весник „Билд“, тврди дека  Баерн Минхен му понудил нов договор на Милер, според кој ќе заработува 14 милиони евра по сезона и со тоа ќе се израмни по годишните примања со Филип Лам и Франк Рибери. Моментално Милер заработува 8.5 милиони евра годишно. Договорот, германскиот репрезентативец најверојатно ќе го продолжи во текот на наредниот месец.

  • Бундеслига

    Баерн Минхен не „штеди” милиони само да го задржи Пеп Гвардиола

    Челниците на Баерн уплашени од фактот дека Пеп на крајот на сезоната ќе се пресели во Англија, подготвија нов договор за каталонецот, кој тешко дека ќе го одбие. Како што пренесува англискиот таблоид „Мирор“ , Гвардиола треба да се изјасни до крајот на декември дали ги прифаќа подобрените услови, а не да чека до крајот на сезоната како што сака тој. 

  • Френк Рибери Бундеслига

    Франк Рибери му се врати на фудбалот

    32-годишниот фудбалер на Баерн Минхен , Франк Рибери, се врати на тренинзи и нè потсети што навистина пропуштаме со неговото неколку месечно отсуство.

  • УЕФА Лига на шампиони

    Арсенал го доби Баерн, но го загуби Ремзи

    Велшкиот репрезентативец, Арон Ремзи, во синоќешната пресметка на Арсенал со Баерн, поради повреда, во 57. минута принудно беше заменет.  

Pages