По сензационален пресврт, Баерн Минхен го совлада Ливерпул со 4-3 во Сингапур, но се чини дека атмосферата не е на баш најдобро ниво. Веќе сме навикнати на такви работи кога во прашање се екипите на Тухел, а сега се чини дека германскиот стратег има проблем со Џошуа Кимих, еден од најдобрите фудбалери на баварскиот гигант.