Актуелниот шампион во Бундес лигата, Баерн Минхен одигра тежок натпревар на домашен терен, против Мајнц 05 и загуби значајни бодови во трката за титулата. Откако имаа негатива од 0-1, по изненадувачкиот гол на Самперио во 26 минута, Баварците долго време не успеваа сериозно да се заканат по голот на гостите. Сепак, во вториот дел, Арјен Робен, во 64 минута распали од 20 метри за израмнување на резултатот.