Фудбалерите на Ливерпул славеа пресврт победа на гостувањето кај Њукасл Јунајтед, но иако победија со 1-3, за малку не ја минаа границата од сто бода во Премиер лигата. „Црвените“ на Клоп губеа, па се вратија на „Сент Џејмс Парк“ со головите на Ван Дајк, Ориги и Мане, па шампионската сезона ја завршија со 99 бода.