Академија Пандев започна фуриозно, но во самиот финиш обезбеди цел план на гостувањето кај Тиквеш (1-2) во 24. коло од ПМФЛ. Гостинскиот тим ја задржа втората позиција на табелата и одговори на успешниот настап на Шкендија на теренот на Скопје. До победата гостите од Струмица дојдоа со гол во самиот финиш кој беше дело на новајлијата Димитар Митровски. Тиквеш, пак, е лут на судиите, затоа што не му признаа чист гол кој можеше да го смени текот на натпреварот.