Екипата на Македонија Ѓорче Петров се врати во играта за Европа! „Лавовите“ дома славеа над Македонија Ѓорче Петров (1-0) и се приближија до ривалот на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) на три кола пред крајот и позицијата која води во Конференциската лига на УЕФА. Струмичани не успеаја да го искористат блесокот на голманот Марко Јовановски кој правеше чуда меѓу стативите и одбрани неколку зицери. На три кола пред крајот Шкендија е втора со 59 бода, пред Академија Пандев со 58 бода, додека Македонија ЃП е четврта со 56 бода. Следната рунда за „пандевци“ носи домашен натпревар со Шкендија, додека Македонија ЃП гостува кај Шкупи.