Покрај извлекувањето за Лигата на шампионите, во седиштето на Европската фудбалска унија (УЕФА) во Нион се извлекоа и паровите за првата квалификациска рунда во Конференциската лига. Македонија има три претставници во ова натпреварување, Македонија Ѓорче Петров оди директно во второто коло, додека од стартот почнуваат Шкендија и Академија Пандев.