Костурот на екипата на Лехија Гдањск, против кој Академија Пандев денес и следниот четврток ќе се бори да ја прескокне првата пречка во УЕФА Конференциската лига, е составен од млади полски фудбалери. Сепак, има и неколку странски фудбалери, а капитен на екипата е Бразилецот Флавио Паишао.