Фудбалерите на Шкупи со победа ја започнаа втората половина од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). На свој терен лидерот на табелата со пресврт славеше над Академија Пандев (2-1), откако по голот на Димоски за гостите, на сцена стапи домашниот напаѓач Сандеј. Токму тој ги постигна двата гола, а вториот беше вистинско ремек-дело.