По четири неуспеси во низа, екипата на Аугсбург успеа да запише победа во Бундеслигата, откако денес изненадувачки со цел плен си замина од тешкото гостување кај Шaлке 04 (0-3). Во првиот неделен натпревар од 27. коло на шампионатот на Германија, пресуди еден велемајсторски гол и две големи грешки на домашната одбрана, кои ја направија победата на гостите од Баварија поубедлива.