Фудбалерите на Вардар ја запишаа втората победа во Втората македонска фудбалска лига, откако триумфираа против Охрид со 2-0. Тоа беше прв домашен натпревар за вардарци, се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, па поради тоа посетеноста беше одлична. „Комитите“ направија добра атмосфера и го поддржаа својот тим до победата.