Го пратам Вардар, таму играат мои пријатели. Се слушам со нив и ден денес, разменуваме по некој збор. Пред скоро време бев и во Македонија на гости, таму живее мајката на мојата сопруга, се зборовите на Дамир Којашевиќ (31), Црногорецот, кој во минатото настапуваше за најтрофејниот македонски клуб, а моментално е член на Раднички Ниш.