Последнопласираниот Гројтер Фирт не успеа да направи изненадување и загуби од Борусија Дортмунд (1-3) во натпревар од претпоследното коло од Бундеслигата. Фаворитот дозволи кратка надеж за домаќинот, а потоа со втор гол ја запечати победата.
Екипата на Унион Берлин важеше за огромен фаворит во дуелот со Гројтер, но мора да се задоволи само со бод (1-1) и така битката за едно од местата кои водат во еврокуповите преку Бундеслигата и понатаму е отворена.
Екипата на Хофенхајм важеше за голем фаворит, но одигра реми со последнопласираниот Гројтер Фирт (0-0) во рамки на 30-тата рунда во германската Бундеслига и така се оддалечи уште повеќе од Европа.
Фудбалерите на Баерн Минхен се вратија на победите по два натпревари пауза и на својата „Алијанц Арена“ се радуваа против Гројтер Фирт со 4-1 (0-1). Дуелот од 23. коло на Бундеслигата понуди водство на аутсајдерот на полувреме, но потоа и четири гола во нивната мрежа и дебакл.
Две од трите екипи во опасниот дел од табелата во Бундеслигата, Арминија Билифилд и Гројтер Фирт одиграа атрактивно реми (2-2) во рамките на 19. коло. Со по два погодоци во двете полувремиња, екипите од дното на германскиот фудбал ги продолжија своите „серии“ ремија.
Екипата на Борусија Дортмунд победи по две кола во Бундеслигата. Големиот фаворит на домашен терен се справи со Гројтер Фирт (3-0) и го одбрани второто место во елитата по 16 одиграни кола.
Баер Леверкузен запиша огромна победа на домашниот натпревар против Гројтер Фирт и се радуваше со 7-1 (3-1), во рамките на 14. коло на Бундеслигата. Фаворитот демонстрира сила, одигра одличен натпревар и до врв ја наполни гостинската мрежа на „БајАрена“.
Екипата на Ајнтрахт Франкфурт се намачи, но успеа да слави на гостувањето кај Гројтер Фирт (1-2) во рамки на германската Бундеслига и да направи напредок на табелата.
Баерн Минхен ја запиша петтата победа во низа во Бундеслигата на гостувањето кај Гројтер Фирт (1-3). Во првиот натпревар од шестото коло на најсилниот германски шампионат, тимот на Нагелсман стигна до три бода, иако скоро цело полувреме играше со човек помалку.
Фудбалерите на Херта Берлин се радуваа на победа во првиот дуел од петтото коло на Бундеслигата, на свој терен против Гројтер Фирт со 2-1 (0-0). Домаќинот на „Олимпискиот стадион“ во Берлин се пресврт дојдоа до второто славје во низа, продлабочувајќи ја кризата на гостинот кој сè уште има само бод на своето конто.
Екипата на Штутгарт ја забележа најубедливата победа од попадневната програма од првото коло на Бундеслигата, откако на свој терен со 5-1 (2-0) го совлада повратникот во елитата, Гројтер Фирт.
Екипите на Бохум и Гројтер Фирт одиграа според планот во 34. коло на втората Бундеслига и со победа се „чекираа“ во елитата за следната сезона. Иако во очи последната рунда Холштајн Кил беше втор, неочекувано со пресврт загуби од Дармштад и ќе мора да игра во разигрувањето против Келн.
Како и ланскиот финалист, Баерн Минхен, така и победникот од пред две сезони во германскиот Куп, Борусија Дортмунд, низ иглени уши се протна во второто коло на најмасовното наптреварување во германскиот фудбал.