Иако делуваше невозможно и не зависеше сам од себе, некогашниот првак на Германија, Вердер од Бремен се спаси од директно испаѓање од Бундеслигата и за сметка на клубот од северна Германија, во бараж двомеч за пополнување на елитата во сезоната 2020/21 ќе игра веројатно со ривалот Хамбургер. Благодарение на Унион Берлин, „зелените“ се спасија од пад во ранг подолу, а заедно со Падерборн, во втората Бундеслига ќе игра и Фортуна Дизелдорф.