Фудбалерите на Хофенхајм победија во натпреварот со Унион Берлин со 4-2 (2-1), во претпоследното 33. коло на Бундеслигата, со што и математички си обезбедија опстанок. Сепак, со овој резултат се направи вистински хаос во трката за Лигата на шампионите, бидејќи во последното коло со по 59 бода влегуваат Унион и Фрајбург, а РБ Лајпциг има еден бод повеќе.