Фудбалерите на Арминија Билифилд славеа на гостувањето кај Баер Леверкузен со 0-2, со што го приредија најголемото изненадување во 25. коло на Бундеслигата. Со по еден гол во двете полувремиња на „Бај Арена“ славеа гостите, а иако домаќинот даде гол, сепак не успеа да се врати. Гостинската екипа освои важни бодови и скокна две позиции, па сега е над опасната зона, додека ова е сериозен удар за Баер кој е во битка за место меѓу првите четири екипи.