Фудбалерите на Баер Леверкузен врзаа три натпревари во низа без славје, откако денес на домашен терен загубија од Фрајбург со 1-2 (0-0). Средбата од 23. коло на Бундеслигата одиграна на „БајАрена“ не понуди голови во првиот, но затоа понуди дури три во вториот гол. За жал на домаќинот, Фрајбург беше подобар и ги освои трите бода.