Шалке 04 пред две недели загуби во Гелзенкирхен со 4-1 од Вердер Бремен, еден од најголемите ривали во борбата за промоција и се чинеше дека се збогува од првата позиција, која потоа ја презеде клубот од Бремен. Но, „зелено-белите“ од „Везер“ им донесоа нова агонија на навивачите, губејќи во следното коло од немотивираниот Холштајн Кил, на домашен терен и тоа откако водеа со 2-0, постигнувајќи два автогола... Дарко Чурлинов и соиграчите си ја исполнија задачата во Сандхаузен, но не без мака, бидејќи до гол дојдоа во продолжението и повторно се искачија на врвот. Македонскиот репрезентативец беше расположен и имаше удел во двата погодоци на неговиот тим.