Во рамките на 18. коло во германската Бундеслига, на дневен ред е и берлинското дерби, Херта на Олимпискиот стадион ќе го пречека Унион (сабота, 15.30 часот). Унион пред четири години се врати во елитниот ранг и за кратко време целосно ја сврте ситуацијата во главниот град на Германија. Тој ја засени Херта и се бори за места при врвот на табелата, додека „старата дама“ и покрај огромните инвестиции едвај успева да опстане од сезона во сезона.