Тренерската смена не ги донесе очекуваните резултати на „Вестфален“. „Милионерите“ на дебито на Един Терзиќ се намачија во Бремен, ама некако успеаја да слават, со доцниот гол на Марко Ројс, но потоа брзо се вратија на стариот пат и загубија во Берлин од Унион. Од друга страна, Волфсбург лесно се поврати по првиот пораз во сезоната, го победи Штутгарт и од улогата на рамноправен тим во Дортмунд – а некој ќе каже и благ фаворит – го дели одговорот на само едно прашање: Дали Ерлинг Халанд се враќа во тимот?