Борусија не игра како што се очекува од неа, Марко Розе е далеку од посакуваниот мозаик, а покрај сите проблеми остана и без далеку најдобриот и најважен фудбалер – Ерлинг Халанд. Но, повторно, тимот по дванаесет кола има ист број на победи како Баерн и се наоѓа на само еден бод негатива од шампионот и најголемиот фаворит за титулата.