Ако се осврнеме само на домашните натпреварувања, Марсел Колер не се прослави баш на „Сент Јакоб Парк“. За две години, колку што швајцарскиот стручњак мина во Базел, „црвено-сините“ единствено го освоија купот на Швајцарија претходната сезона. Затоа и се очекуваше 59-годишниот тренер да не го продолжи престојот во градот на северозападот од Швајцарија, туку по истекот на договорот да го напушти клубот, што дваесеткратниот првак на оваа земја го потврди во средата на својата официјална веб страница.