Менаџерот на Вотфорд, Славен Билиќ, не го криеше задоволството по победата на неговиот тим над Хадерсфилд во претходното коло (2-0). Навистина, ривалот на „стршлените“ беше тим од дното, но после него клубот од „Викериџ Роуд“ го зазема четвртото место на табелата и има причина да се надева на добар резултат и против Милвол.