Адис Јаховиќ продолжува со голови во дресот на Јени Малатија во турската Суперлига. Екипата на нашиот интернационалец загуби пред своите гледачи од Аланијаспор со 2-3. Јаховиќ погоди за 2-3, запишувајќи го својот втор сезонски гол, но не успеа да го избегне поразот.