Младиот македонски интернационалец Никола Ѓорѓев, кој има само 18 години, најнапред асистираше за 3-2 кога погоди Кајо, а веднаш потоа донесе и 3-3 со прекрасен гол за неговиот Грасхоперс. Во трилер меч на Кипар, токму Ѓорѓев со овие два потега на „штурците“ им донесе пласман во плеј-офот на Лига Европа.