Фудбалскиот клуб Алмерија успеа да ја изненади Барселона и на свој терен слави минимално со 1-0 (1-0). Пресметката во рамките на 23. коло на Примера која се одигра на „Хуегос Медитеранеос“ мина во знакот на гостите, меѓутоа домашните фудбалери поведоа и потоа ја одбранија предноста за големо славје.