Утре во 12.00 часот, македонскиот фудбалски шампион, Вардар ќе го дознае противникот во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите. Оваа генерација на Вардар две години со ред не успева да ја мине првата препрека, па сега нека им биде трета среќа и конечно по подолг период да видиме една македонска екипа да успее да стигне до самиот крај на вакви квалификации, па зошто и да не до влез во групната фаза.