Вардар и Металург, скопските ривали синоќа играа ракомет, а денес фудбал. Ракометниот меч беше полн со тензија, акции и надигрување, додека во фудбалското гледавме сосема спротивна слика. Дополнително, фудбалската „сиромаштија“ ја отсликуваше и ситуацијата на трибините, каде беше забранет влез на вардарови навивачи и имаше само 100тина љубители на фудбалот.