Македонскиот репрезентативен напаѓач, Бојан Миовски, се врати на тренинзите на Абердин по незгодната повреда. По нешто повеќе од еден месец, Македонецот повторно е во тренажен процес, точно на стартот на подготовките за новата сезона. Миовски во разговор за клупската телевизија зборуваше на повеќе теми, а главна секако беше повредата.