Секое „Олд Фирм“ дерби предизвикува голем интерес и надвор од границите на Шкотска, бидејќи тоа е едно од најстарите и најголемите ривалства во светот на фудбалот. Првото дерби во Глазгов се одигра на 28.05.1888 година и му припадна на Селтик (5-2), а последното на 29. декември минатата година, а тогаш поуспешен беше Ренџерс (2-1). Како што знаете, Шкотите се едни од ретките кои не го продолжија претходниот шампионат, кој беше прекинат во март поради пандемијата со ковид-19, па на навивачите на двата клуба им беа скратени задоволствата да гледаат уште некое дерби. Селтик беше прогласен за шампион, што беше деветта врзана титула за „келтите“, но во ова дерби влегуваат гледајќи во грбот на омразениот ривал - вистината е, со бод помалку, имаат и натпревар помалку.