Навивачите на „Олд Фирм“ имаа можност да уживаат во текот на 2022 година, а најголемото шкотско и едно од најжешките светски дерби ќе започне во 2023 година. Во годината зад нас, гигантите од Глазгов се сретнаа четири пати во првенството, а Селтик славеше во три наврати (во септември дури со 4-0), додека еднаш беше нерешено (1-1). Тие одиграа и натпревар во полуфиналето на ФА Купот, па иако Келтите поведоа на „Хемпден Парк“, ривалот се радуваше по продолженијата.