Два поранешни светски прваци во категорија до 20 години, Аргентина и Франција се доближија до осминафиналето со втората победа во групната фаза на планетарниот собир во Полска. „Гаучосите“ ја совладаа Португалија со 2-0 со головите на Алдолфо Гаих во првото и Патрисио Перез во второто полувреме.
Најтрофејната селекција за фудбалери до 20 години, Аргентина, со лесна победа од 5-2 против Јужна Африка го започна Светското првенство во Полска. „Гаучосите“ играа блескаво и ако ги искористеа сите шанси може да победат уште поубедливо.
Денес во Полска почнува Светското првенство за фудбалери до 20 години. Овие турнири скоро секогаш лансирале големи ѕвезди, а скаутите со внимание ги следат сите детали од турнирот. Пред 14 години на У20 Светското првенство во Холандија блесна еден од најголемите таленти и најголемите фудбалери во историјата.
Најдобриот аргентински фудбалер, Лионел Меси не можеше да направи ништо против цврстата уругвајска одбрана, која одолеа на сите напади на „гаучосите“ и извлече реми без голови.