Славија Прага се квалификува во четвртфиналето на Лига Европа, но плати скапа цена за тоа. Голманот на чешкиот тим Колар доби сериозна повреда на главата во 65. минута, откако на него со отворена копачка налета невнимателниот Руф. Судијата веднаш му покажа црвен картон, а Колар беше заменет со вториот голман Вагнер.