Куп на Австрија Салцбург покажа супер-моќ и лесно го освои Купот на Австрија 29 мај 2020, 23:43 Прв натпревар по рестартот на фудбалот во Австрија и веднаш трофеј. Салцбург е освојувач на Купот на Австрија во фудбал, откако во нерамноправно финале на „Вортерсе Арена“ во Клагенфурт, го декласира второлигашот Австрија Лустенау со 5-0 (2-0).