Македонскиот фудбалски шампион, Шкендија, утре го игра првиот натпревар од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите. Тетовчани ќе им се спротистават на фудбалерите на австрискиот шампион Салцбург, а на вечерашната прес-конференција тренерот Ќатип Османи ги искажа своите очекувања за утрешниот меч на „Ред Бул Арената“.