Минатиот викенд Милан го одигра веројатно најлошиот натпревар во последната година и пол. И сега го чека клучен меч за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, каде што не бил цели осум години. Бод против Салцбург на „Сан Сиро“ е доволен за „росонерите“ да се пласираат во нокаут фазата, но по изданието во Торино, никој во Милано не е мирен.
Милан имаше само еден удар кон голот на „биковите“, прими лесни голови и остави прилично лош впечаток. Најголемиот проблем е што тимот изгледаше целосно анемично и безидејно. А тренерот Пиоли по мечот изјави дека е многу разочаран и дека очекува многу подобро издание против Салцбург.