Фудбалерите на Динамо Загреб и по трите коло во ХНЛ го сочуваа максималниот скор, откако вечерва извојуваа убедлива победа на дербито со Осијек (4-1). „Модрите“, предводени од новиот стратег Зоран Мамиќ, покажаа моќ уште на самиот старт во хрватскиот шампионат, а одличната игра од претходните натпревари ја пресликаа и вечерва на својот „Максимир“.